Мицкоски: Почесно е Заев и Филипче да дадат оставка, губиме премногу животи

337

Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради ковид заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори дека Македонија губи премногу животи и дека работите мора да се променат, вели на Фејсбук Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.  

„Убеден сум дека ако Министерството за здравство и Владата се реорганизираа и детално подготвеа за есенсиот ковид бран, ќе беа спасени повеќе животи. Ова што го прави или не го прави Владата не е доволно. Се губат животи. 






Евидентно е дека државата и Владата не можат да одговорат на сложената пандемија. И многу почесно е да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжните граѓани“, вели Мицкоски.

 

Поврзани содржини