Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашната победата на македонската фудбалска репрезентација.
„Македонија ви се поклонува. Да ги поддржиме и ракометарите кои вечерва играат со Финска, да извојуваме уште една голема победа! Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци. Напред Македонијо“, порача Мицкоски.