ОБНОВЕНО Жестоко интервју на ТВ24, Мицкоски побара извинување од Горазд Чомовски, но не доби ВИДЕО
Се надевам дека некогаш ќе имате чест и привилегија да направите интервју со господинот Никола Груевски - рече Мицкоски, по што веднаш доби одговор од водителот дека „тој лично не чувствува потреба да прави интервју со криминалец“.
Јас мислев дека ќе помине оваа емисија без да се спомне Груевски, но очигледно и вие сте толку оптоварени со него, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ24, откако водителот Горазд Чомовски го обвини дека сè уште не може да излезе од матрицата на Никола Груевски.
– Се надевам дека некогаш ќе имате чест и привилегија да направите интервју со господинот Никола Груевски – рече Мицкоски, по што веднаш доби одговор од водителот дека „тој лично не чувствува потреба да прави интервју со криминалец“.
На ова Мицкоски побара извинување од Чомовски.
– Ако го нарекувате Груевски криминалец, а мене ме поистоветувате со неговата матрица, тогаш индиректно и мене ме нарекувате криминалец. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да побарам од вас да ми се извините – рече Мицкоски.
– Извинување ќе добиете во некоја друга прилика – одговори Чомовски.
ОБНОВЕНО
Иако најпрво се доби впечаток дека интервјуто беше прекинато, сепак од ТВ24 објаснија дека станува збор за најава за целосната емисија „Трилинг“ која во етер ќе оди во недела.