Мицкоски: По бугарското „не“ Владата да даде оставка и да организира избори
Мицкоски се надева дека ЕУ ќе го ревидира нивниот став и веќе на министерско или на премиерско ниво ќе го коригира и Македонија ќе го почне процесот на преговори со ЕУ.
Она што денеска нѝ се случи е уште еден доказ за националната катастрофа што им ја донесе Зоран Заев на народот и на државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицикоски, по денешната блокада од Бугарија за преговарачката рамка со Европската Унија.
– Тие треба веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори во термин во кој, нормално, здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто. Сега можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на слична форма – рече Мицкоски.
Според него, ситуацијата е сериозна и доведена е во прашање европската перспектива на Македонија.
Мицкоски се надева дека ЕУ ќе го ревидира нивниот став и веќе на министерско или на премиерско ниво ќе го коригира и Македонија ќе го почне процесот на преговори со ЕУ.