Мицкоски: Пендаровски е дволичен, едно зборуваше внатре, а друго пред камерите

1,685

Со претседателот Стево Пендаровски се согласивме во сѐ, но тој едно зборуваше на средбата, а друго пред медиумите, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешна изјава за медиумите.

Како што оценува Мицкоски, однесувањето на Пендаровски било дволично.






– Очигледен е притисокот којшто се врши врз него, јас го разбирам, не можам да го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност. Едно лице да имате на средбата едно да имате надвор пред камерите, но во ред, битно е дека дури и вака притиснат, Пендаровски излезе надвор со став дека сепак, ако имаме нови докази, треба овој случај, како и многу други, да започнат од почеток – рече Мицкоски.

Тој посочи да се почека конечно пресудата од  Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек,  односно да приложат нови докази.

– Да го искористат инстурментот вонреден правен лек за да можат понатаму да ги презентираат новите докази пред третостепенипот суд Врховниот Суд или пред европскиот суд за човекови права во Стразбур, такашто на крајот од денот ја сепак сум задоволен затоа што најмалку што во овој момент им треба на граѓаните е да слушаат исфрустрирани политичари, туку треба да слушаат и гледаат политичари којшто знаат како да се справат и да ги решаваат проблемите а не да ги создаваат проблемите, во таа насока беше и таа наша вчерашна средба – истакна Мицкоски

Поврзани содржини