Мицкоски: Пасошите сè уште се кај мафијашите, можеби некој и сега прави кривично дело под туѓ идентитет
Овој проблем може да се реши само со одговорност, но не одговорност на службениците на шалтер нема да се надмине и реши овој проблем , посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пасошите кои МВР им ги издавало на мафијашите сè уште се активни и сè уште се користат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во Клан ТВ.
– Јас не слушнав некој да каже веќе неколку дена дека тој пасош е непостоечки, можеби тој човек сè уште го користи тој пасош или таквите како него кои се стекнале со македонски пасоши, може направиле некое кривично дело во меѓувреме под тие пасоши и под тој идентитет, практично можат да прават кривични дела – рече Мицкоски.
Мицкоски потсети дека во Украина имаше случај на македонски државјанин кој како нарко бос или човек проблематичен за правдата, за потоа да сфатиме дека било лице кое не било Македонец, но имало македонска патна исправа.
– Овој проблем може да се реши само со одговорност, но не одговорност на службениците на шалтер нема да се надмине и реши овој проблем – посочи Мицкоски.
Тој додаде дека пасошите се издадени во време кога Оливер Спасовски е министер, како и дека скандалот е голем срам за државата.