МИЦКОСКИ ОТКРИ УДАР ОД БРИСЕЛ, САКАЛЕ ДА НÈ ИЗБРИШАТ Македонскиот јазик не се допишува, тој се брани, рече премиерот

Премиерот Мицкоски откри нови обиди за удар врз македонскиот идентитет – апелира за силна поддршка од ЕУ парламентот.

3,655

Премиерот Христијан Мицкоски денеска испрати јасна порака од реконструираниот пат Понов Мост–Богданци: Македонија повеќе нема да молчи за вистината. Тој откри дека добил вознемирувачки информации за координирани обиди во Брисел повторно да се атакува врз македонскиот јазик и идентитет.

– Успеавме да го амортизираме ударот кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик – изјави Мицкоски, нагласувајќи дека најголемиот дел од европратениците застануваат зад македонските аргументи.






Премиерот истакна дека веднаш по добиените информации, заедно со министерот за надворешни работи, реагирале координирано за да се спречи ваквата закана:

– Контактирав со сите од Брисел, и мислам дека успеавме некако да го амортизираме ударот – некој се обидуваше да создаде нова нација преку формулации како „модерен“ или „сегашен“ македонски јазик. Тоа не само што би нè поништило нас, туку би го нарушило и кредибилитетот на ЕУ – рече премиерот.

Мицкоски истакна дека македонската страна отсега ќе се бори „со вистината на граѓаните“, каде и да се водат разговори:

– Ние се бориме да ја кажеме нашата вистина за Македонија, вистина која што ја чувствуваат граѓаните, без разлика дали е тоа во Берлин, Брисел, Лондон или Вашингтон – рече тој.

На прашање од новинарите за трибината на СДСМ под наслов „Понижена Македонија – Една година Влада“, Мицкоски одговори со иронија, тврдејќи дека СДСМ самите се препознаваат во тоа име.

– Конечно, Фројд во полно светло работи во СДСМ. Тие кои ја ограбија и понижија Македонија, сега зборуваат за понижена држава. Таму некои се во Стокхолмски синдром – жртвата се вљубува во ловецот – одговори Мицкоски.

Премиерот истакна дека во изминатата година, владата предводена од него исплаќала заостанати обврски од претходната власт, вклучително и плати и пензии, и покрај тоа што наследиле празна каса:

– Исплативме долгови, исплативме плати, пензии. Постигнавме историски договори со просветари, здравствени работници, отворивме меѓу 1.200 и 1.500 градилишта. Тоа е разликата – ние градиме, тие понижуваа – додаде премиерот.

Мицкоски порача дека повеќе нема да се прифаќаат наметнати решенија кои се на штета на националниот идентитет.

– Веќе нема прифаќање на сè што ќе ни се сервира. Билатерални спогодби што штетат на македонскиот идентитет – нема да минуваат – изјави македонскиот премиер.

Поврзани содржини