Мицкоски: Освен за ПР, најновиот пакет економски мерки немаат никаква корисна функција
Тој се осврна на неколку конкретни показатели врз основа на кои на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски да се воведе вонредна состојба, а постоеле две причини за
На денешната прес-конференција која се одржа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски рече дека најновиот пакет економски мерки донесен од Владата, освен за ПР, нема никаква корисна функција и дека станува за изборна измама.
– Третиот пакет е ист како ветувањата дека ќе има просечна плата од 500 евра, чист воздух, ќе дошол живот, правда за секого, Фејсбук и Гугл ќе инвестирале во Македонија и многу други. Единственото економско достигнување на Владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за четири месеци – рече претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски.
Тој се осврна на неколку конкретни показатели врз основа на кои на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски да се воведе вонредна состојба, а постоеле две причини за
– Првата беше поради тоа што имаше потреба да бидат одложени веќе закажаните предвремени парламентарни избори кои што требаше да се одржат на 12 април и втората беше дека е потребно да се донесе пакет економски мерки кои што ќе бидат помош за граѓаните, но и помош за стопанството – рече Мицкоски.
Тој се осврна за трите економски мерки со кои вкупно беа предвидени 60 милиони евра месечно помош во двата месеци, а тоа се месеците мај и јуни, т.е. месецот мај требаше да биде исплатена помошта за месецот април и месецот јуни треба да биде исплатена помошта за месецот мај и со тоа да бидат опфатени вкупно 250.000 граѓани.
– Но, каква е реалноста? Вкупно во месец мај помош за месец април добиле 17.813 правни субјекти или компании или вкупно 110.000 вработени што е за два и пол пати речиси помалку од тоа што беше предвидено со уредбата а во вкупен износ, а во вкупен износ се исплатени нешто повеќе од една 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра што е за нешто повеќе од 2 пати помалку од она кое што претходно го најавуваше владата. Економската поддршка за стопанството која што беше опфатена во првиот и вториот сет на мерки не само што не е исполнета и не само што не е испорачана како што била планирана и ветена пред стопанството и реалниот сектор туку е 2 до 2 ипол пати помала споредено со она кое што беше ветувано – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега доколку вонредната состојба заврши на 30 мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи вонредната состојба од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик што значи дека помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи во 31 јули. Уште една лага која што е испорачана од ресорниот министер, Заев и Спасовски.
– Доаѓаме до најголемата лага а тоа е т.н. трет сет на мерки кој што четврти пат ни се најавува на четврта различна прес конференција од трана на ресорниот министер. Овој трет сет на мерки опфаќа три групи на мерки кои што ги предвидела владата. И тоа првиот е посветен на поттикнување на јавната потрошувачка и се однесува на помош кон граѓаните, вториот е исто така помош кон стопанството и третиот е помош кон земјоделието и земјоделците – вели Мицкоски.
Според него, третиот пакет мерки се всушност мерки кои се и онака дел од програмата на работа на министерството за земјоделие и не знам, на каков начин истите тие мерки кои од практично мерки кои се редовен план на работа во министерството за земјоделие стануваат антикризни мерки.
– Но, кога станува збор за првата група од третиот сет на мерки, би ги издвоил следниве подгрупи, и тоа првата се 150 евра ваучер за граѓани коишто ќе бидат оценети по методологија која што се уште никој не ја знае како изгледа и каква е и ќе бидат исплатени ваучери по методологија која што никој не ја знае каква е и на кој начин ќе им бидат исплатени. И она што никој не го знае од каде ќе бидат исплатени тие средства. Втората под мерка е 100 евра ваучер за туризам и 50 евра џепарлак, исто така не се знае која група на граѓани по која методологија ќе бидат опфатени и не се знае начинот и средствата кои што ќе бидат искористени и по која методологија ќе бидат исплатени овие мерки. И третата подгрупа се 100 евра за студентите и средношколци, основците се тука заборавени, не знам зошто, и 50 евра дополнителен џепарлак. Сето ова има за цел да биде едно ветување предизборно во обид за поткуп преку еднократна мерка која што практично, а така веруваат во владата ќе обезбеди поддршка од страна на граѓаните кои што ќе бидат евентуални корисници на овие мерки по парламентарните избори – рече Мицкоски.
Тој ја искористи оваа прилика, до сите оние кои што ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, сите оние кои што ќе се обидат да поткупат, сите оние кои што ќе сторат кривично дело ќе добијат кривична пријава.