Ова не се обични избори, ова е одлучувачки момент и избор помеѓу два концепти, дали ќе избереме неправда, понижувања, срам, криминал, коруција, политичко мочуриште, или пак чест, честитост луѓе кои си ја љубаат татковината, кои ја сакаат Македонија и кои ги почитуваат различностите, но, се сепак горди Македонци, луѓе кои знаат како и имаат визија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните во Тетово.
Тој е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на овие избори.
– Ќе ја вратиме Македонија на народот, а потоа ќе ги засукавме ракавите и ќе си ја обновиме татковината затоа што без разлика што сме, оваа татковина нас ни дала се во животот – рече Мицкоски.
Ние, потенцира тој, дојдовме до овој 15 јули и само за 30 месеци, за само 2,5 години успеавме да ги победиме и да дојдеме до предвремени парламентарни избори.