Мицкоски: Од брзоплетоста на Заев цела Европа ни се потсмева
Денес половина Европа коментира за нас дека сме го смениле името, Уставот, а ништо не сме до биле за возврат. На тие што им се брза, се проблем на оваа држава. Мене не ми се брза, кога се во прашање националните интереси и нивната заштита, вели Мицкоски во интервју за „Фокус“.
Поради лошите политики на Заев Македонија стана држава на која ѝ се смее цела Европа, за жал, вели во интервју за неделникот „Фокус“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Јас би сакал и силно верувам дека ЕУ ќе го додржи зборот и она што беше ветено во минатото. Но, не е тоа суштината. Се сеќавам на лидерската средба што ја имавме пред три години во мај во Клубот на пратениците, кога за првпат беше спомената можноста за уставни промени за Илинденска Македонија. Многу јасно го прашав Заев: Дали си свесен дека со ова ги растураш сите повеќедецениски преговарачки позиции на Македонија? Ама, ми вели, „ќе станеме членка на НАТО и ЕУ“. Не само што не станавме членка, туку не сме ни почнале да преговараме. А, членка на НАТО, доколку беше тоа геостратегиски интерес, ќе станевме и без промена на името – вели Мицкоски.
Тој посочува дека Македонија ќе влезеше во НАТО и без промена на името и без понижувањата на Зоран Заев.
– Наративот го градат тие што им се брзаше. А, од таа брзоплетост, гледаме до каде дојдовме. Да бидеме потсмев во Европа. Денес половина Европа коментира за нас дека сме го смениле името, Уставот, а ништо не сме до биле за возврат. На тие што им се брза, се проблем на оваа држава. Мене не ми се брза, кога се во прашање националните интереси и нивната заштита – појасни Мицкоски.