Мицкоски: Очекувано е да биде намалена излезноста на изборите

Ние како политичари сме само еден дел од сето тоа што ќе се случува во наредниот период и ние треба да дадеме пример како треба тоа да функционира - рече Мицкоски.

710

Поради целата ситуација со коронавирусот очекуваме да биде намалена излезноста на претстојните предвремени парламентарни избори, но затоа се обидовме да донесеме протоколи коишто навистина ќе овозможат секој граѓанин да го исполни своето право на глас, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција.

– Сите ризични категории ќе можат да гласаат од дома и цениме дека на тој начин ќе може да се интервенира во излезноста и таа да биде поголема. Истовремено, ги повикувам надлежниоте од ДИК и од Комисијата за заразни болести и од Владата, коишто се одговорни да ги спроведат овие избори, да овозможат услови за граѓаните да можат масовно да излезат и да го дадат својот глас и да го исполнат своето гласачко право. Така што, ние како политичари сме само еден дел од сето тоа што ќе се случува во наредниот период и ние треба да дадеме пример како треба тоа да функционира – рече Мицкоски.

Поврзани содржини