МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ОСУДА ОД ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА И ОД ЕУ ЗА ЏАМБАСКИ „Ако вака се однесува европратеник не знам што да додадам“
Очекувам осуда од официјална Софија за неговото однесување. И очекувам исто така осуда од страна на европските институции за неговото однесување, бидејќи ако вака се однесува еден европратеник и тоа остане неискритикувано, тогаш навистина не знам што повеќе да додадам - рече Мицкоски.
Ние како политичка партија и јас како човек ги поддржувам Македонците каде и да се наоѓаат во светот. И мора да се бориме за нашите браќа Македонци, затоа што не не има многу. Не има за жал се помалку, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.
– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија никогаш не смее да има дилема во поддршката за македонскиот народ и Македонците без разлика дали се тука во Бугарија или било каде во светот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека настаните како денешниот во Благоевград треба да бидат начин да се поврзуваат народите, како да се поврзуваат различностите.
– Денеска ова што го видовме овдека во Благоевград од поединци навистина не личи на луѓе кои што се политичари, и кои што доаѓаат од највисокото европско тело, а тоа е ЕП. Имавте прилика да видите како еден европратеник се однесува, дури и не можам да го коментирам, не знам дали воопшто заслужува тој човек било каков коментар. Очекувам осуда од официјална Софија за неговото однесување. И очекувам исто така осуда од страна на европските институции за неговото однесување, бидејќи ако вака се однесува еден европратеник и тоа остане неискритикувано, тогаш навистина не знам што повеќе да додадам – рече Мицкоски.
Европратеникот Ангел Џамбаски денеска во Благоевград ги обвини Македонците од Бугарија дека се сепаратисти. Тој изјави дека Македонија, била, е и ќе биде бугарска.
Џамбаски и неговите приврзаници на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” не дозволија да се положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград. Тој и неговите приврзаници рекоа дека тоа може да се направи само доколку заедно со цвеќето се постави и бугарско знаме како национален симбол.
Бугарската полиција, од безбедносни причини, не дозволи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев, да дојдат на плоштадот.
Претходно Мицкоски беше вербално нападнат од еден од бугарските демонстранти со зборовите дека е „предател (предавник) на Бугарија“. Видеот од овој инцидент може да погледнете на следниот линк.