МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 4% СЛЕДНАТА ГОДИНА Само треба да се реализираат најавените изнвестиции

Има уште некои работи што треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики кои не се отпочнати, а очекувам во периодот којшто следи, да отпочнат така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде и повеќе, изјави Мицкоски по денешната посета на општина Ѓорче Петров.

116

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Предлог-буџетот за 2025 година што вчера помина на владина седница, деновиве да се најде пред пратениците. Економскиот раст проектиран на 3,7% за следната година, вели дека може да биде и надминат доколку се реализираат најавените инвестиции на компаниите и капиталните инвестиции.

–  Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3%, во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5%, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде се како што го проектираме со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата, да дојдеме и до 4%. Не би се изненадил ако следната година биде 3,7 и повеќе, бидејќи такви се индикаторите со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи што треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики кои не се отпочнати, а очекувам во периодот којшто следи, да отпочнат така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде и повеќе – изјави Мицкоски по денешната посета на општина Ѓорче Петров.






За зголемувањето на платите, рече дека во Предлог-буџетот се одвоени средства за оваа намена и дека како резултат на постигнатиот договор со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) веќе од ноември вработените ќе го добијат првото зголемување. Очекува во понеделник или вторник да почнат и разговорите со синдикатот за здравство.

Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13% повеќе од буџетот за 2024 година, додека вкупните расходи се проектирани на ниво на 400 милијарди денари, што е раст од 10% во однос на буџетот за 2024 година. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 %, буџетскиот дефицит на 4%, а инфлацијата 2,2%.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот содржи мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

Предлог-буџетот треба да биде испратен до Собранието каде треба да го помине првиот филтер по што со евентуалните забелешки ќе се врати повторно во Владата на доработка и потоа на конечно усвојување во Собранието.

Поврзани содржини