МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА 130.000 ГЛАСА ЗА ЃОРЃИЕВСКИ Црната кампања на СДСМ му донесе само 3 општини, ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35

Ние сме демохристијанска партија, ние со добро треба да ги совладаме нашите политички противници, само така ќе покажеме дека можеме поинаку и дека сме поразлични од другите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборен настан во Валандово.

575

 

ВМРО-ДПМНЕ имаше убедлива победа во 33 општини во првиот круг од локалните избори, ова е историски резултат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборен настан во Валандово.






– Ние цела кампања, од првиот ден до последниот, па и до ден денешен, ниту во еден момент не објавивме негативен спот за нашите политички противници, ниту во еден момент не водевме црна кампања, ниту во еден момент не ги нападнавме ад хоминем, ниту со ниски страсти. Опозицијата од првиот ден на изборната кампања водат црна кампања, а тоа се пресликува и во вториот круг од изборите. Мене ме спакуваа во парчиња во куфер, па потоа ми велеа дека ме презираат и што ли не им се случи. И резултатот од сето тоа го видоа граѓаните на 19 октомври, само 3 општини. Ние сме демохристијанска партија, ние со добро треба да ги совладаме нашите политички противници, само така ќе покажеме дека можеме поинаку и дека сме поразлични од другите – рече Мицкоски.

Веќе може да се зборува и за 35 градоначалници, додаде, затоа што во изминативе 2 дена, двајца од противкандидатите на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа.

– Тоа што е зад нас, еден факт кој што е немилосрден. Тоа се бројки. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата водат, имаат веќе освоено градоначалник или се во круг како второпласирани во вкупно 59 општини. Досега ваков историски резултат во независна Македонија не се случил – рече Мицкоски.

Во трката за градоначалник на Скопје, додаде, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ има предност 3:1 во однос на неговиот противкандидат, а во гласови 92.000 наспроти 30.000, а имаме и убедлива победа за Советот на Град Скопје.

– Очекуваме после вториот круг бројката на гласови во Скопје за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125.000-130.000 – нагласи Мицкоски.

Додаде дека ова е една од најточните и најпрецизни кампањи, со јасна порака и јасна визија што ќе се постигне во годините кои следат.

– Вие сте нашата инспирација, вие сте нашиот мотив, да продолжиме да се бориме, бидејќи вреди да се бори човек за секој еден кој остана тука дома, да се бориме заедно за нашата татковина заедничка Македонија – порача Мицкоски.

Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на Валандово се заблагодари на поддршката во првиот круг.

– На 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места – рече тој.

Камчев истакна дека во наредните 4 години ќе се реализираат важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Валандово.

– Ќе имаме можност да ја реализираме програмата, да го реализираме она што го ветуваме уште пред првиот круг, да ја реконструираме водоводната мрежа во сите населени места, да изградиме модерни забавни паркови за децата во сите населени места, да направиме еден вистински развој на општината, да ја придвижиме економијата – вели Камчев.

Со почит,

Поврзани содржини