МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА „СТОПИЛ“ 12,5 МИЛИОНИ ЕВРА Петрета го викаат и Худини

1,289

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да денешниот митинг во општина Ѓорче Петров пред граѓаните го нарече Петре Шилегов, Худини, бидејќи само тој, како што рече, успеал 12.5 милиони евра од Градската куќа да ги потроши, а никој да не знае каде и како.

– Петрета го викаат и Худини. Само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше Трајановски. Досега се нема случено толку брзо и толку „најдобро“ да се стопат точно 12.5 милиони евра и никој да не виде ниту трага ниту глас. Да завршат изборите па ќе видиме што ќе покаже истрагата – порача Мицкоски.

Поврзани содржини