Мицкоски објави дека Џафери му ја вратил граѓанската иницијатива за пописот: Не постоело Собрание на Република Македонија

Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува. На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, напиша Мицкоски, кој во објавата  споделува и допис од Собранието

957

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот, со изговор дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија.

– Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува. На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот – напиша Мицкоски, кој во објавата  споделува и допис од Собранието.






Поврзани содржини