Мицкоски: Нивниот градоначалник во Куманово молеше за карантин, сега во градот е хаос

2,587

Суштината е како најбезолно да ја поминеме оваа работа со коронавирусот. Бројот на инфицирани е се поголем, а денеска имаме алармантен податок – 11 медицински лица во Куманово се заразени. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински заболени и тоа само во Куманово, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Како случај за лошо справување, тој го спомена случајот со Куманово каде со голема брзина расте бројот на заразени.






– Од порано апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин. Па тоа не се случи. Тоа е нивни човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки – рече Мицкоски.

Тој рече дека веднаш по ширењето на вирусот во градот, ВМРО-ДПМНЕ предложила карантин и посебни мерки за Куманово.

Поврзани содржини