Мицкоски: Никаде не го спомнав Вице Заев, тој сам се препознал во скандалот
Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не зборувал конкретно за Вице Заев, туку дека братот на премиерот самиот се препознал во аферата.
Никаде јасно не посочивме дека во скандалот со изнудување пари од битолска фирма е замешан бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако вчера на брифинг со новинарите го обелодени скандалот за изнуда од 250.000 евра од битолската фирма „Рубитон“.
– Во Записникот од ОЈО стои името Вице Н., а зошто братот на премиерот се препознал и зошто беа потребни сите тие навреди и реакции кон мене, не знам. Јас никаде на тој брифинг со новинарите не го спомнав името и презимето на Вице Заев – рече Мицкоски.