Мицкоски: Ние имаме наша македонска, а Бугарите имаат нивна историја

Ние можеме да се согласиме дека имаме одредени заеднички моменти, но никогаш не можеме да кажеме дека имаме иста историја, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

655

Претседателот на ВМР-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на ТВ Клан телевизија зборуваше за штетниот договор со соседна Бугарија, како и за актуелните политички теми изминатиот период.

Според Мицкоски, Бугарија и тимот кој преговара околу историските прашања, прават притисок во однос на некои барања поради тоа што чувствуваат и знаат дека никогаш повторно Македонија нема да има премиер како Зоран Заев, кој не само што не негува национално чувство, туку распродава се, само да се одржи на таа позиција и да избегне одговорност.






Мицкоски вели дека бугарските дипломати знаат која е вистината околу историјата на Македонија и Бугарија.

– Ние можеме да се согласиме дека имаме одредени заеднички моменти, но никогаш не можеме да кажеме дека имаме иста историја. Ние имаме наша македонска, а тие нивна – рече тој.

Мицкоски потенцираше дека кога од нашата страна имаме претставник како Зоран Заев и уште неколку налик нему, јасно е зошто Бугарија бара да признаеме нешто што ниту е логично, ниту е вистина. Македонскиот идентитет е слаб и понижен како никогаш досега, но на сето тоа ќе му дојде крај, а Заев ќе одговара за тоа.

– Република Македонија не смее да отстапува повеќе, понижени сме повеќе од било кога, а Македонците се чувствуваат без идентитет поради тоа што ненародната власт предводена од Зоран Заев го распродаде и јазикот и името. Еднаш засекогаш мора да се знае дека политичарите можат да разговараат на многу теми, но не смеат да преговараат за се што ќе им се побара, бидејќи ниту еден политичар нема легитимитет да лицитира со национален идентитет – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини