МИЦКОСКИ НИ ГИ ВЛОШИ ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА Оставката на Ванчо Ѓорѓиев е негово дело, тврди СДСМ

Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело. Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија.

2,453

СДСМ реагира на изнесените ставови од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за случувањата во историската комисија.

– Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело. Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија. И Комисијата и владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции. Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа повторно ќе биде казнет од граѓаните – велат од СДСМ.

Поврзани содржини