📊 МИЦКОСКИ НЕПРИКОСНОВЕН НА ВРВОТ, ФИЛИПЧЕ НА ТРЕТО МЕСТО Довербата за ВМРО-ДПМНЕ е 27,2%, а за СДСМ – 9,6%
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на првото место со поддршка од 27,8%, Али Ахмети од ДУИ има поддршка од 8,6% од анкетираните, додека на третото место се наоѓа лидерот на СДСМ Венко Филипче со поддршка од 5,5%.
„За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори?“
На ова прашање, дури 27,2% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а само 9,6% рекле дека ќе гласаат за СДСМ, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 10 до 13 октомври годинава, а преку која се анализира поддршката на граѓаните за политичките партии, политичари, и перцепциите за работењето на новата Влада во нејзините први 100 дена.
Значаен процент од испитаниците (15,5%) изјавиле дека не би гласале за ниедна партија, додека 11,6% не сакаат да го откријат својот избор.
Што се однесува до довербата кон политичарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на првото место со поддршка од 27,8%, Али Ахмети од ДУИ има поддршка од 8,6% од анкетираните, додека на третото место се наоѓа лидерот на СДСМ Венко Филипче со поддршка од 5,5%.
Истражувањето, финансирано од сопствени средства на ИПИС, има статистичка грешка од +/- 3%, што ја потврдува неговата релевантност и прецизност во анализата.
„Анкетата опфати 1.134 полнолетни испитаници на национално ниво, користејќи случаен примерок што го отсликува населението на Македонија според полова структура, старосни групи, образование, етничка припадност и географска локација. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности. Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС“, наведено е во соопштението.