МИЦКОСКИ НЕМА ДА КАПИТУЛИРА ПОРАДИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ „Уште ако може и да не сме Македонци, најдобри ќе сме“

Владата е подготвена да седне и да разговара со Софија, ама Мицкоски порача дека не е коректно некој да очекува додека е тој премиер наеднаш да рече дека ќе седне и ќе направи уставни измени.

403

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека ставот на Владата е многу јасен во врска со црвените линии во спорот со Бугарија.

– Се знае кои се нашите црвени линии. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, ама не е коректно некој да очекува дека оваа влада, додека сум јас премиер наеднаш ќе рече, е добро, ова што досега го зборувавме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Вакви предавства и капитулации додека сум јас премиер нема да се случат – рече Мицкоски.






Тој најави дека Владата ќе направи сè што е во нејзина моќ за да ја заврши домашната работа.

– Ние ќе направиме сè што е во нашата моќ да ја завршиме домашната работа, ајде да видиме тогаш што ќе се случи. Пред 8 години, кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме фронтранери и ако ги смениме името и презимето, за 3-4 години сме во ЕУ. Тие 3-4 години изминаа пред 3-4 години и каде сме, онаму каде што бевме пред 25 години. Супер, а ако го смениме Уставот, уште ако може и да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе сме. Онака како што некој ни прави булинг и сака да ја сопре Македонија да напредува кон ЕУ. Тоа нема да го дозволиме, додека сум јас премиер. Кога ќе дојде некој друг… – рече премиерот Мицкоски.

 

Поврзани содржини