МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГИ ПРИТИСКА БАНКИТЕ В НЕДЕЛА Сами треба да одлучат дали ќе работат за посилна економија
Премиерот смета дека со чекорите што се преземени во делот на енергетиката и 250-те милиони од унгарскиот кредит за бизнис секторот се антиципирани можните ризици што можат да влијаат врз македонската економија како што се кризата во Германија како наш најголем извозен партнер и предизвиците што претстојат со цената на електричната енергија.
Нашиот став е дека сите заедно треба да работиме исто како што се работеше во ковид-кризата или во енергетската криза, но не можеме да се мешаме како ќе одлучат банките кои се приватни субјекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со информацијата дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата од унгарскиот кредит за компаниите.
Најавена е нова средба на банките и владините претставници за в недела.
– Нашиот став е дека сите заедно треба да работиме исто како што се работеше во ковид-кризата или во енергетската криза. Ако тие мислат дека не треба така да работат, тогаш во ред, нивна е одлуката, тие се приватни субјекти, како Влада не можеме да се мешаме. Наше беше да обезбедиме средства за бизнисот, тоа што можевме, како Влада го направивме. Очекувам сите заедно да работиме за посилна економија – рече Мицкоски.
Според него, со чекорите што се преземени во делот на енергетиката и 250-те милиони од унгарскиот кредит за бизнис секторот се антиципирани можните ризици што можат да влијаат врз македонската економија како што се кризата во Германија како наш најголем извозен партнер и предизвиците што претстојат со цената на електричната енергија.