МИЦКОСКИ НЕ МОЖЕ ДА ГО ОПРАВДА НЕРАБОТЕЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Од СДСМ му одговорија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Иако ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во најголем дел општини, тие не работат ништо, не ги реализираат проектите што им ги ветија на граѓаните, ниту се кадарни да ги реализираат веќе започнатите проекти, порачаа од СДСМ.
Христијан Мицкоски со ништо не може да го оправда неработењето и аздисувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Иако ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во најголем дел општини, тие не работат ништо, не ги реализираат проектите што им ги ветија на граѓаните, ниту се кадарни да ги реализираат веќе започнатите проекти. Милиони евра од општинските буџети за партиски вработувања, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања, тоа не се подобрувања на локални политики, тоа е аздисување. Истовремено, се жалат дека општините немаат пари и бараат помош од Владата, наместо да им помогнат на граѓаните во време на криза. Катастрофата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не се оправдува со ништо“, се вели во соопштението на СДСМ, како одговор на претходните обвинувања на Мицкоски.