МИЦКОСКИ НЕ ГО ЗНАЕ УСТАВОТ Никој во неговата партија нема поим ни од право ни од политика

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите, велат од СДСМ.

809

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.






– Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница – стои во реакцијата на владејачката партија.

Според нив на Мицкоски очигледно не му кажале какви се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите – велат од СДСМ.

Поврзани содржини