Мицкоски: Не гледам проблем во личните карти да стои и етничката определба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека партениците кои сакаат да го опструираат процесот за лични карти му слуговаат на Зоран Заев.

401

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  изјави дека не гледа проблем во личните карти да стои и етничката определба.

– Не гледам никаков проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои што од страна му служат на Зоран Заев, кои што се обидуваат да го спречат сето тоа. Јас навистина не гледам зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец. А, некој тоа сака да го спречи. Зошто сака тоа да го спречи? За тоа што им пречеше македонскиот јазик, им пречеше Македонија, им пречеше АСНОМ, и што уште веќе не им пречи. Но, не им пречи да крадат и да пљачкаат од сопствениот народ – рече Мицкоски.






Мицкоски додаде е чудно зошто сето тоа да се опструира, зошто да се прават безпотребни филибастеринг процедури.

– И зошто да му слугуваме на Зоран Заев кој што има договор политички со БЕСА и сега бара преку некои странични други парламентарни партии кои што самиот кажа дека им обезбедувал ресурси и логистика пред избори да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, сега да нанесат штета на македонскиот народ. Зошто тоа што Зоран Заев го избриша со тој насилен договор кој што го донесе во Преспа, денеска ние да не го вратиме во Парламентот и во мојата лична карта да стои мојата националност и мојата етничка припадност дека сум Македонец. Што има тука спорно, меѓу вас претпоставувам дека има и луѓе од различни етнички припадности. Зошто тоа што го избриша Зоран Заев по насилен пад да не биде вратено назад во личните карти? Не гледам пречка во тоа –  појасни Мицкоски.

Поврзани содржини