МИЦКОСКИ НЕ ЈА РАЗБРАЛ СУШТИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА СРЕДБА СО КОВАЧЕВСКИ Од СДСМ категорично одбиваат предвремени избори
Новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план, порачаа од владејачката партија.
Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба, посочија од СДСМ, откако претходно од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски ќе ја прифати поканата за средба со мандатарот Димитар Ковачевски, само доколку тие разговараат за организирање на предвремени избори.
„Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми. Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија“, велат од СДСМ.
Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план, порачаа од владејачката партија.