Мицкоски: Нашите спотови се сатирични и со британски стил
На ова Заев одговори дека ако сака Мицкоски да биде Британец, тогаш да се кандидира за премиер на Велика Британија.
Ние само сакаме со нашите спотови сатирично и по малку британски стил да ја прикажеме реалноста во оваа земја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот ТВ дуел заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Немојте да ве боли реалноста затоа што не можете да бидете подобар човек ако од реалноста не извлечете поука и не бидете подобар. Ние само сакаме да испровоцираме во вас и во останатите да бидете подобри луѓе. Ние не се срамиме од реалноста. Ние сакаме да ја прифатиме реалноста. Еве, јас сум помал во години од вас, но прифатете од мене еден совет – рече Мицкоски.
На ова Заев одговори дека ако сака Мицкоски да биде Британец, тогаш да се кандидира за премиер на Велика Британија.
– Покажавте какви сте и во годините кога владеевте, но и во годините кога сте опозиција. Апсолутно, во целиот овој период покажавте дека ништо не сте промениле. Комплетно сте исти – рече Заев.