Мицкоски: Наместо со сузбивање на организираниот криминал, се занимаваат со политички прогон

274

Доаѓаат изборите, и нормално се зголемуваат и политичките притисоци, како и нарачките во обвинителството и судството. Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Тужбата на Русковска за видеоспот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелацискиот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелацискиот суд очигледно ја уважува „душевната болка и претрпен страв“ од спот, во исто време кога кај народот душевна болка е тоа што наместо вакцини бркаа провизии, тоа што светски мафијаши сè уште пустошат низ светот со пасошите на Спасовски, тоа што парите од рекетот никогаш не се дозна каде завршија, тоа што нема пари за лекување на граѓаните, а има за милионска противпожарна скала на Шилегов.






Ако мислат дека ќе нè исплашат, се лажат.

Ако мислат дека ќе победат, дебело ќе загубат!

Правдата ќе ги стигне и нив“, напиша Мицкоски.

Поврзани содржини