📷 МИЦКОСКИ НА ВЕЧЕРА СО ОДБРАНО ДРУШТВО Премиерот лови инвестиции во САД
Ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас, напиша премиерот Христијан Мицскоски на Фејсбук.
Премиерот Христијан Мицкоски утрово се пофали дека во Вашингтон вечерал со многу истакнати луѓе во американското општество со кои разговарал за можноста за инвестиции во Македонија, како и за конкретни проекти од бенефит за граѓаните.
„Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Devin Nunes, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата. Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, наведе премиерот во објавата на Фејсбук.