Мицкоски на „Топ тема“: Се чувствувам како пропаднат спортист!

Ќе направам спортот да ни биде успешен и да носи радост кај граѓаните - рече Мицкоски.

3,346

Иако како дете бев талентиран и добар кошаркар, едно време се обидов и во фудбалот, играв пинг-понг и карате, сепак чувствувам дека денес некако тие контраверзии во спортот ме следат и во политичката кариера, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во „Топ тема“ на Телма.

– Јас сум единствениот политичар којшто е фотографиран како прави злодело со тоа што планинари или затоа што оди во теретана. За жал, снимката е неколку месеци стара, но ете, јас сум жртвата на таквата кампања. Јас го сакам спортот и навистина ќе направам сè што е во моја моќ да не ни се случува натпревари на македонски репрезентации бидат емитувани на странски јазик или воопшто да не бидат емитувани на телевизија. Тие денови треба да бидат празник за граѓаните. Ќе направам спортот да ни биде успешен и да носи радост кај граѓаните – рече Мицкоски.

Поврзани содржини