Мицкоски на „Топ тема“: Некрофилското сценарио им го оставам на политичарите кои се потонати во политичкото мочуриште
Тој нагласи дека тие како политичари мора сериозно да се однесуваат и пред се одговорно кон здравјето на граѓаните, а дури потоа да размислуваат како и дали би ги одржале тие избори.
Кога и да се случат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на тие избори, но ако цената е макар и еден загубен живот, таквите некрофилски политики како партија не прифаќаме, цената за тоа не смее да биде изгубени човечки животи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Топ Тема“ на Телма.
– Знам дека нашиот политички противник наметнува антикампања дека ВМРО-ДПМНЕ бегал од избори, но мојот одговор на тоа прашање може да кажам дека кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ. Но, повторно ќе кажам, ако цената за тоа е да имаме еден повеќе загубен живот, јас не би сакал да бидам дел од таквото сценарио – потенцираше Мицкоски
Тој додаде дека тоа некрофилско сценарио го остава на други политичари кои се длабоко потонати во политичкото мочуриште и бараат сламка за спас.
– И еден ако е, јас не би можел да живеам со сето тоа, бидејќи јас не се чувствувам како човек потонат во политичко мочуриште и ми треба сламка за спас. Се чувствувам дека сум слободен, човек кој цврсто гази на нозе и не му треба помислата дека еден човек повеќе починал затоа што ние сме избразле во одлука кога ќе се случат изборите – изјави Мицкоски
Тој нагласи дека тие како политичари мора сериозно да се однесуваат и пред се одговорно кон здравјето на граѓаните, а дури потоа да размислуваат како и дали би ги одржале тие избори.