МИЦКОСКИ НА ТЕТ-А-ТЕТ СРЕДБА СО СТАРМЕР Зајакнува економската соработка со Обединетото Кралство

Разговаравме за унапредување на билатералните односи, поддршката на Обединетото Кралство за европската перспектива на регионот и за зајакнување на економската соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

561

На маргините на Самитот за Западен Балкан оддржавме тет-а-тет средба со британскиот премиер Кир Стармер. Разговаравме за унапредување на билатералните односи, поддршката на Обединетото Кралство за европската перспектива на регионот и за зајакнување на економската соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер. Сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада“, објави Мицкоски.






Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

 

Претходно тој се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо.

„Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ“, објави Мицкоски.

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

За средбата со Рено-Басо, пак, премиерот објави дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата.

„На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД, разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани“, напиша премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини