Мицкоски на средби со европски политичари: Власта на Заев не е вистинската слика за Македонија

Мицкоски на средбите истакна дека не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ.

188

 Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ, лошата власт во државата да не биде пречка на патот кон ЕУ, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија каде се сретна со Дејвид Мекалистер, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент и со Пауло Рангел, потпретседател на Европската народна партија и европратеник од Португалија.

Тој оствари и неформална средба со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија со Македонија.






– Државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Свесни сме дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на оваа власт создаваат лош впечаток за земјата кај нашите европски партнери, но токму капацитетот на Македонија и потенцијалот кој го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди. Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформ. Затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме – истакна на средбите Мицкоски кој додаде дека лошата власт во државата не треба да биде пречка на патот кон ЕУ.

Поврзани содржини