МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ГЕРМАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ОД РЕГИОНОТ Разговори за иницијативи од взаемен интерес

Средбата претставува уште еден чекор кон зајакнување на односите со Сојузна Република Германија како наш стратешки партнер, објави премиерот Христијан Мицкоски.

85

Денеска во Владата одржавме средба со германските амбасадори во регионот, на која разговаравме за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„Во фокусот беа економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за заеднички иницијативи во повеќе области од взаемен интерес. Средбата претставува уште еден чекор кон зајакнување на односите со Сојузна Република Германија како наш стратешки партнер“, напиша премиерот Мицкоски.

 






Поврзани содржини