Мицкоски на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се бориме за ново парламентарно мнозинство, но не за власт по секоја цена

1,284

Ќе се бориме за ново парламентарно мнозинство, но не на власт по цена на нашите принципи и вредности врз кои почива македонската држава. Ова била позицијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Централниот комитет на партијата која пред малку заврши, брифираат од партијата.

На седницата , како што дознаваме станало збор и за можните комбинаторики за идното коалицирање. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овласти лидерот Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство. Мицкоски во обраќањето пред членовите на ЦК изјави дека ќе направи се што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но власт не по секоја цена. Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме, а врз кои почива идејата за ВМРО и современата македонска држава, изјави Мицкоски по што имало громогласен аплауз.

Поврзани содржини