МИЦКОСКИ НАЈАВУВА ВИСОК РАСТ НА ТУРИЗМОТ Целта е да се постигнат 5 милиони ноќевања
Државниот завод за статистика соопшти дека лани во земјава престојувале 1.336.597 туристи кои направиле 3.323. 210 ноќевања.
Туризмот останува еден од врвните стратешки приоритети на Владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните статистички податоци за бројот на туристи.
Тој рече дека бројките за минатата 2025 година се повеќе од охрабрувачки.
-Минатата 2025 година според бројките кои ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6%. Но, она што посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи од повеќе од 10%- рече Мицкоски.
Тој најави амбициозен план за иднината, со фокус на привлекување организирани групи и проширување на капацитетите.
-Се ближиме кон бројката од 3,5 милиони ноќевања, што е значаен податок, но нашата цел е да успееме да дојдеме до 5 милиони ноќевања во Македонија. Паралелно работиме на поддршка за изградба и реновирање на сместувачките и угостителските објекти – рече Мицкоски.
Државниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10,3 %, а кај домашните намалување од 2,2 %.
Лани во земјава престојувале 1.336.597 туристи кои направиле 3.323. 210 ноќевања.