МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМО КРАТЕЊЕ НА ЦАРИНИТЕ Од 1 јули се укинуваат 50% од тарифите, вториот дел следува во 2026
Во однос на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 50-процентна царина за производи од Европската Унија, Мицкоски рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи.
Половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Мерката е дел од економските реформи кои, според него, биле барање на бизнис заедницата што со децении не било усогласено.
– Тоа се парафискални давачки кои имаат цел да го зајакнат домашното производство и да им помогнат на извозно ориентираните компании. Со ова се врши и усогласување со европските стандарди – изјави Мицкоски пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, во Македонскиот народен театар.
Во однос на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 50-процентна царина за производи од Европската Унија, Мицкоски рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи.
– Нашата царинска стапка со САД е 10%, а со новото усогласување таа ќе биде 0%. Веќе сум во сериозни разговори со американската администрација и со државниот секретар за економија Хауард Лутник. Очекувам да бидеме меѓу земјите со најниски царински стапки – додаде премиерот.