МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА СКАНДАЛ ВО МЕПСО Поранешните раководства барале мито од инвеститорите?

Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети, изјави премиерот навестувајќи дека се работи за неделата кога имаше зголемени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип.

873

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста.

– Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа кое што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети – изјави денеска Мицкоски.






Според Мицкоски, не е точно дека има чести испади на енергетската мрежа, имало само еден испад изминатиот викенд поради надворешен фактор.

– Зборуваме за неделата кога имаше зголемени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо да има 400 киловолтна напонска состојба имаше 460 киловолтна состојба со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека тој далновод се исфрла од функција – рече Мицкоски.

Поврзани содржини