МИЦКОСКИ НАЈАВИ 3 ИНВЕСТИЦИИ И 1.000 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ШТИП Вложувања вредни стотици милиони евра

И мислам дека многу скоро, денеска ќе има убави вести за граѓаните на Штип и околината и за овие две со проширувањето, би рекол три инвестиции. Вкупно, сумарно ќе биде околу илјада и повеќе од илјада нови вработувања и неколку стотици милиони евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

384

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на новонајавените инвестиции во Штип, изјави:

– Да, најавивме нова инвестиција којашто ќе се случи за 10 до 12 дена од денеска, неколку десетици милиони евра и повеќе од две стотини вработени. Целосно ќе биде производството наменето за извоз на бела техника, значајно ќе учествува во бруто домашниот производ. И истовремено, сакам да ги информирам штипјани и луѓето од околината на Штип, дека работиме на две и проширување на една, на три инвестиции во зоната овде во Штип. И мислам дека многу скоро, денеска ќе има убави вести за граѓаните на Штип и околината и за овие две со проширувањето, би рекол три инвестиции. Вкупно, сумарно ќе биде околу илјада и повеќе од илјада нови вработувања и неколку стотици милиони евра.






Премиерот исто така рече дека Владата ќе продолжи да се грижи за земјоделците посочувајќи дека се исплатени околу 50 милиони денари на оризопроизводителите.

Поврзани содржини