Не можам ниту како човек, ниту како политичар да кажам друго освен тоа дека ми се гади од ваквиот начин на злоупотреба на чувствата на луѓето и она со кое што денеска се соочуваат македонските граѓани, македонската нација, останатите граѓани кои што живеат во Македонија.
Ова е коментарот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за уредбата на владата за исплата на пари за СЈО во време на вонредна состојба.
– Кога ја прочитав уредбата со сила на закон која што се однесува на згрижување и финансиски надомест на сите оние слуги во обвинителството и судството на СДСМ кои што добија приоритет пред да речеме оние кои што се во првите борбени редови против пандемијата лекарите, медицинскиот персонал, како човек навистина се згрозив за тоа како се злоупотребува оваа моќ која што е акумилирана во власта т.е во неколкумина, неколку формални и еден неформален кој што седи и кој што диригира што треба да има приоритет, а што не треба да има приоритет. Замислете приоритет имаат тие неколкумина дечиња на слугите во судството и обвинителството на СДСМ на сметка на сите оние медицински лица, сите оние доктори кои што се во првата борбена линија и се справуваат со оваа пандемија голораки – рече Мицкоски на денешната прес-конференција.