Мицкоски: Мандатот е узурпиран од Заев, од денеска ги замрзнуваме односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Пендаровски. За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните, изјави Мицкоски.

888

Без доказ, без потврда дека поседува мнозинство Пендаровски го додели мандатот за состав на нова влада. Од тука, од овој момент не може никако поинаку да се опише оваа состојба освен дека мандатот е узурпиран. Би рекол киднапиран и во рацете на човек како Зоран Заев, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека од денеска партијата ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Пендаровски.

– ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски. За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандартот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство – изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.






Тој додаде дека ова претставува продолжување на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и претседателот на државата.

– По кој критериум Пендаровски одлучи мандатот да го додели на партија и човек кој не достави доказ дека поседува мнозинство во парламентот? Ќе ве потсетам самиот тој велеше дека ќе ги повика сите политички чинители на разговор кај него, разговор кој што до ден денешен додека да го додели мандатот воопшто и не се случи. По таа логика мандатот без доказ може да се додели во рацете на ВМРО-ДПМНЕ кој пак освои најмногу пратеници во македонскиот блок. Или на ДУИ, на ДПА, на Левица, Алијанса, Алтернатива, или на било која друга политичка партија која што е во парламентот. Уставот е прекршен, а Стево Пендаровски е активен учесник во сето тоа. И ова не е случаен преседан, туку таквото делување без кичма и став прераснува во традиција – рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој изјави дека ова е направено со цел купување време.

Мицкоски повтори дека нови парламентарни избори се можни, но, вели, се уште не се исцрпени сите опции за фомирање влада.

Поврзани содржини