Мицкоски: Мал број луѓе чиј стопан е Заев, за да се спасат од кривичен прогон се кријат зад иницијатива за вонреден конгрес ВИДЕО
Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци кои што се обидуваат да и наштетат на Македонија, рече Мицкоски.
Таканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев кои што се обидуваат да манипулираат практично со дел од делагатите кој што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во одговор на новинарско прашање во однос на иницијативата за вонреден конгрес.
Мицкоски вели дека „заробениците“ на Заев за да добијат милост од нивниот стопан и да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон бараат вонреден конрес.
Мицкоски рече дека Централниот комитет на вчерашната седница закажа конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на ноември , тој е редовен конгрес кој што се одржува секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори кои што идното раководство на партијата ќе ги преземе и кое тогаш ќе биде избрано.
Мицкоски им да се заблагодари на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти кои што, како што рече, „ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата.“
– Крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија од овој хибриден режим кој што го предводи владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум го одел мојот пат, мојот пат е да служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие го одбрале нивниот пат да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци кои што се обидуваат да и наштетат на Македонија -, рече Мицкоски.