Мицкоски: Македонија е земја што руши неславни рекорди, а требаше да блескаме
Со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер земјата има нула шанси за подобар живот, вели Мицкоски.
Македонија со Заев е земја рекордер, но какви рекорди се рушат? Ова прашање во пост на Фејсбук го поставува Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија е 5-та во светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP); Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент, според статистиката на ЕУРОСТАТ.
Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House, на дното во Европа по демократија.
Македонија е прогласена за најнесреќна земја во светот, според агенцијата Галуп“, пишува Мицкоски.
А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија, пишува тој и додава:
„Со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер земјата има нула шанси за подобар живот“.