Мицкоски: Нѐ нема на листата на „Форбс“ за стотте најбезбедни земји за коронавирус

„Лаос, Камбоџа, Парагвај и Бангладеш се справуваат подобро од нас со ковид-19. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија...Македонија е оценета дека не е безбедна, стоиме очајно лошо“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

708

Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на коронавирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо“, соопшти Мицкоски






При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата.

„Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност. Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме троцифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее. Бројките на ФОРБС жестоко ги демантираат“, нагласи Мицкоски.

 

https://www.forbes.com/…/the-100-safest-countries-in-the-…/…

Поврзани содржини