Мицкоски: Купувајте македонски производи!

581

Купувајте македонски производи, повика денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,од својот Фејсбук профил. .

„Драги пријатели, ова е време на вистинска здравствена, санитарна, но и економска криза. Корона вирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот. Компаниите кои се најдирекно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со еден до девет вработени. Тие се првите на удар. Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне.
Се прашувате како? Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.
Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!“, објави Мицкоски на Фејсбук.






Купувајте македонски производи

Драги пријатели, ова е време на вистинска здравствена, санитарна, но и економска криза. Корона вирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот. Компаниите кои се најдирекно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со еден до девет вработени. Тие се првите на удар. Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне.Се прашувате како? Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!#КупувајтеМакедонскиПроизводи

Hristijan Mickoski 发布于 2020年3月20日周五

 

 

Поврзани содржини