Мицкоски контра Давитковски: Не собира Мицкоски потписи, народот се крена!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека членот на семејството на Давитковски ќе остане уште малку да цица од „нашите“ крваво заработени денари.

1,402

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го нападна професорот на правниот факултет Борче Давитковски, кој претходно изјави дека потписите против пописот, кој тој деновиве ги собира со своите сопартијци, не важат.

– Не колега, ако можам така да те наречам. Не собира Мицкоски потписи, народот се крена! Ова се потписите на народот против таквите слуги на сите власти како тебе. Ви доаѓа крајот па се вознемирувате. Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари. Народот ќе продолжи да се бори и да собира потписи за да може да се ослободи од амебите во општеството. Ве разбирам, но не можам да ве оправдам – напиша Мицкоски на Фејсбук.






Поранешниот декан на правниот факултет во изјава за телевизија 24 вели дека ова нефомално собирање потписи не значи ништо.

– Ако сакаа да биде правно издржано требаше да одат согласно Законот, да собираат потписи преку подрачните единици каде што едноставно можеа да соберат одреден број, десет илјади потписи, за да може да се покрене законодавна иницијатива – вели професорот Давитковски, кој додава дека тоа е едно, а второ, смета дека ова е повеќе „театрално однесување пред локалните избори“.

– Имаат толку многу пратеници што било кој пратеник или пратеничка група можеа да дадат предлози за измени за Законот за попис – изјави професорот Давитковски за телевизија 24.

Поврзани содржини