Мицкоски: Каде ќе им оди душата, додека се мислат дали ќе набавуваат вакцини од Русија, луѓе умираа
Мицкоски смета дека власта може да биде обвинета за смртта на илјадници граѓани на Македонија, бидејќи не успеала навремено да набави вакцина, нагласувајќи дека не е важно од каде доаѓаат вакцините, туку е важно здравјето и животот на граѓаните.
Врз основа на информациите кои што во медиумите се присутни гледаме дека практично нема никаква комуникација помеѓу влада и држави кои што се производители на вакцините, меѓу која е и Руската федерација. Јас навистина не знам каде на овие луѓе ќе им оди душата кога знаат дека луѓе денеска го губат својот живот или пак поминуваат низ пандемијата предизвикана од овој ковид 19 вирус, а притоа тие калкулираат политички, коленичат мислејќи дека на тој начин ќе остават впечаток за лојални сојузници или за лојални поданици, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Навистина не можам да ги разберам каде ќе им оди душата бидејќи кога станува збор за здравјето на граѓаните не е важно од каде доаѓа вакцината, важно е вакцината да е тука и да можат оние луѓе кои што сакаат да се вакцинираат, да се вакцинираат. Јас не можам да ги разберам овие луѓе како заспиваат и како се будат и како ќе продолжат да го живеат животот – вели Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по изјавата.
Мицкоски смета дека власта може да биде обвинета за смртта на илјадници граѓани на Македонија, бидејќи не успеала навремено да набави вакцина, нагласувајќи дека не е важно од каде доаѓаат вакцините, туку е важно здравјето и животот на граѓаните.
– Тие можат да бидат обвинети за смртта на илјадници наши сограѓани, затоа што навремено не успеале да набават вакцина, без разлика дали таа е од Кина, дали е од Русија, дали е од Европската унија, дали е од САД. Не е важно од каде е. Час поскоро вакцината треба да се донесе, да може оние граѓани кои што сакаат да се вакцинираат, да се вакцинираат, да спасиме живот повеќе, да спасиме здравје. Тоа е суштината и тоа ги прави одговорна влада. Гледате што се случува земји членки на ЕУ се надаваат денеска колку вакцини ќе земат од Кина, од Русија, или пак од другите производители. Но, оваа влада мисли дека ако вака сервилно се однесува па ќе можат да крадат и да лажат – рече тој.
Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање дали очекува било каква набавка на вакцини во скоро време со оглед дека Зоран Заев изјави дека владата нема да набавува вакцини повеќе отколку што се потребни рече дека ова е срамно што го прави Заев и власта, бидејќи Авганистан има набавено повеќе вакцини од Македонија.