МИЦКОСКИ ИЗЛАЖА ДЕКА ИМА МНОЗИНСТВО Реџепи е под притисок на опозицијата, тврди Митрески од СДСМ ВИДЕО

На прашање на новинарите околу исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи, Јовановски рече дека наскоро тој ќе се појави во јавноста и ќе објасни од каде и од кого имал притисоци за гласањето на седницата за недоверба на владата.  

1,339

Мицкоски излажа дека има мнозинство и треба да им се извини на граѓаните, порача Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Тоа што се случува во Собранието е резултат на лагите од губитникот Мицкоски, само тој е виновен и да не бара алиби на друго место, рече Митрески.






Тој најави дека мнозинството ќе расте и дека за тоа во наредните денови ќе биде информирана јавноста.

На прашање на новинарите околу исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи, Митрески рече дека наскоро тој ќе се појави во јавноста и ќе објасни од каде и од кого имал притисоци за гласањето на седницата за недоверба на владата.

– Јас имам обратни информаии, притисоците се токму од нив, очекувам да излезе пратеникот и да каже што му се случувало – рече Митрески.

Тој исто така рече дека за да се гласа за доверба на Владата треба да има 61 пратеник кој опозицијата ги нема, а дека вината за лажние информации треба да ја сноси опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

– Сето она што се случи е резултат на тоа што Христијан Мицкоски јавно кажа дека има 61 пратеник, да не бара алиби, затоа што седна со тие што се анти-НАТО, анти-европски, партии кои се против концептот „едно општество за сите. Народот е излажан од Христијан МИцкоски, тој ги пумпаше невистините дека има мнозинство. Нема ново мнозинство во Собранието – рече Митрески.

Поврзани содржини