МИЦКОСКИ ИСТОВАРА ВОДА Жителите на Будинарци добија донација од ВМРО-ДПМНЕ

493

Во моментот пристигна првата донација од ВМРО-ДПМНЕ во беровското село Будинарци, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски заедно со граѓаните истовареше вода, информира партијата.






Во разговор со граѓаните кои му приоѓаа, Мицкоски посочи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да помага на граѓаните, додавајќи дека состојбата со пожарите излегла од контрола, бидејќи недостига институционално раководење.

Како што претходно најави, Мицкоски останува на терен со граѓаните до кога ќе им биде потребна помош.

Поврзани содржини